Нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто време е сопственик на станица за технички преглед која ја испитувала исправноста на автобусите.

Според МВР, спорно би било доколку станицата за технички преглед врши проверка на сопствени возила, односно ако тие се од иста фирма.

„Согласно одредбите од Законот за возила, правното лице ‘АМЗ Гостивар’ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопстевност на друго правно лице“, велат од МВР за „Макфакс“.

Во случајов, возилата се регистрирани како сопственост на туристичката агенција „Дурмо турс“, а фирмата „АМЗ Гостивар“, кој има ист газда, е задолжена за нивниот технички преглед.