МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“ кои ќе ги користи за присилно приведување на проблематични осомничени лица или хулигани кои го кршат јавниот ред и мир и пружаат отпор.

Секоја од новите „марици“ чини над 40.000 евра. Интервентните возила се климатизирани, имаат безбедносни камери и, меѓудругото, се опремена дури и со УСБ приклучоци. Климатизиран ќе биде и просторот за притворените лица, јавува „Фактор“.


Според Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека секоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ, а за сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.

Набавката ќе ја направи „Аутомотив Груп“ од Скопје.

На тендерот се јавиле три компании понудувачи, а планираната вредност на набавката била 1,24 милиони евра со вклучен ДДВ.

Вредноста на набавката е за 44 отсто пониска од планирната вредност на набавката. Покрај „Аутомотив Груп“ на тендерот се јавиле и „Мој дилер“ и „Еуроимпекс“ ДОО.