МВР го потврди инцидентот со вооружениот бугарски државјанин во Охрид.

Во соопштение за јавност испратено до медиумите портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврдува веста на expres.mk за приведување на бугарски државјанин кој во близина на бугарскиот фашистички клуб Цар Борис Трети бил фатен со студено оружје.

,,На 19.10.2022 во 11.00 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот ,,Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија. При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје.
Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид”, пишува во соопштението на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Веста на expres.mk

Пред бугарскиот клуб во Охрид фатен вооружен Бугарин