Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела (20 и 21.4.2019 и на 4 и 5.5.2019 година).
Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно, и само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (20.4.2019 година) до 16 часот.
На денот на претседателските и локалните избори (недела, 21.4.2019 година) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.