МВР и обвинителството го чешлаат фондот за иновации

По налог издаден од јавното Обвинителството за организиран криминал, истражители на МВР денеска влегле во просториите на Фондот за иновации, потврдил за „Макфакс“ директорот Јован Деспотовски.

Директорот вели дека полицијата одзела документација.

„Дојдоа, проверија, зедоа документи. Тие си ја тераат постапката, не би навлегувал. Ние во понеделникот ги повикавме јавно да постапат, по што постапија”, рече Деспотовски.

Од Обвинителство велат дека е предистражна постапка, поради што не можат да даваат повеќе информации.

Информацијата на макфакс.мк