МВР вечерва го потврди инцидентот што вечерва се случил пред бугарскиот фашистички клуб Цар Борис Трети за кој ексклузивно објави expres.mk.

,,На 23.11.2022 година во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид. Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот”, стои во информацијата од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Инцидентот за кој првично јави expres.mk се случил вечерва.

Ексклузивно: Пукање пред бугарскиот клуб ,,Цар Борис Трети”