МВР дементира дека Боки 13 имал полициско обезбедување

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.

Според Трајчевски, Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал службено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата ‘Инсајдер’“, изјави Зоран Трајчевски, директор на АВМУ за „КОД“.

ОД МВР велат дека тоа е апсолутно неточно:

„Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации“, се вели во реакцијата на МВР.