Полицајци специјаци утринава уапсила околу 20 припадници на ИСИС, на кои им е определен притвор, јавува порталот 24 Инфо кој цитира неидентификувани полициски извори.

Според неофицијални информации на порталот полициската акција била изведена утрово околу 5 часот во повеќе градови во земјава, а запленето е големо количество на пешадиско оружје.

МВР вечерва објави дека бил спречен терористички напад од припадници на ИСИС, кои биле фатени во соработка со партнерска земја.

За опасноста информираше и амбасадата на САД, од каде преку соопштение ги предупредија своите граѓани да бидат внимателни поради можен терористички напад во Македонија.