Актерот Рубенс Муратовски со контрааргумент на аргументот дека двонеделниот штрајк во образованието треба да прекине за да не губат и понатаму учениците со непосетувањето настава.

„’Ќе загубеле децата многу што не одат на училиште’… глупост! Бандити, измамници, лажговци и полуписмени идиоти се милионери, кои училиштето го поминувале заради богатиот и влијателен татко, ама нашиве деца оти не одат 2 недели на училиште ќе останеле неписмени. Напротив, учат многу сега. Учат дека достоинството е многу важно. Учат дека не смеат да бидат полтрони и малодушни. И учат за емпатија. Учат дека треба да имаат разбирање и сочувство кон проблемите на другите. Во овој случај кон своите учители“, коментира Муратовски на Фејсбук.