На многуте улоги во кои се промовира премиерот Зоран Заев откога е на функцијата денеска ја додаде и таа на возач на специјално возило за чистење улици, познато како метларка, но иако доби инструкции, мултиталентираниот претседател на Владата не ги вклучи метлите.
„Да се знае кој премиер на која земја го возел првото возило“, гордо дофрли тој пред камерите одзад воланот на „метларката“.
Заев го промовираше извозниот производ на компанијата „Брако“ од Велес на својот поранешен соработник во Владата, бившиот вицепремиер Кочо Анѓушев, кој токму со тоа и поентира, порачувајќи „да извезуваме производи, а не деца“.