Само референдум е демократскиот инструмент што е врв на демократијата
и посилен од сите државни институции, смета професорот Ферид Мухиќ кој смета дека владата не смее да донесе сама одлука за прифаќање на францускиот предлог без консултации со народот.
Последните настани поврзани со спорот со Бугарија ги смета за евтин трик.
,,Станува збор за договор со ЕУ (преговарачка рамка) што е обврзувачки и голема, всушност историска, е одговорноста за давање македонска согласност за него. Одолжувањето со неговото (не)објавување од страна на Владата создава сомнежи во јавноста, особено по информациите што доаѓаат од странски медиуми и изјави дека овој, наводно, модифициран предлог на преговарачката рамка, всушност, е идентичен со оној прифатен од бугарското собрание, а првично одбиен од македонскиот премиер.
Ако навистина станува збор за ист документ со неколку промени во интерпретацијата, тогаш и тој требало да биде одбиен од Владата. Кога Владата веќе ја „голтнала јадицата“ на ЕУ, сега останува тој предлог да се стави на плебисцитарно разгледување и одлучување.
Претходно, предлогот во целост треба да ѝ биде достапен на јавноста и да се овозможи дискусија во јавноста на сите нивоа. Кога работите со предлогот на преговарачката рамка за ЕУ се дојдени до оваа фаза, при донесена Резолуција во парламентот, Владата не може да донесе одлука за нејзино прифаќање.
Само непосредното изјаснување на граѓаните е демократски инструмент што е врвот на демократијата и најсилна алатка. Но при евентуалното плебисцитарно изјаснување, референдумот не смее да биде изманипулиран со трик-прашања, ниту резултатот на биде игнориран во понатамошните процедури за негово прифаќање или отфрлање.
Инаку, целата претстава со ветата и наводно усогласување на македонската преговарачка рамка е „евтин трик“ на ЕУ и Бугарија, со кој сакаат одговорноста да ја префрлат на Македонија – вели универзитетскиот професор по филозофија Ферид Мухиќ за Нова Македонија.
Мухиќ предходно гласаше за промена на уставот и прифаќање на преспанскиот договор
Целата анализа на овој линк