Во знак на поддршка за фудбалскиот клуб Вардар, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, купи 30 сезонски билети, кои ќе ги подели на млади навивачи на „црвено-црните“ од неговата општина.

Сезонските билети по цена од 1.000 денари почнаа да се продаваат од синоќа во 19:47 часот како симболика на годината на раѓање на најтрофејниот колектив во Македонија во најважната споредна работа на светот.