Муцунски: Километар автопат ќе не’ чини 25 милиони евра

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром, предупредува дека Македонија ќе добие историски највисока цена по километар изграден (иден) автопат.

„Тоа што е евидентно е дека не километар, туку еден метар автопат не е изграден, а Македонија веќе платила повеќе од 100 милиони евра.


Второ што е ноторен факт е дека владата во самиот договор превземала обврски кои што се противуставни, кој што го нарушуваат целиот правен поредок на државата и сето тоа сака да го помине во Собранието со европско знаменце, процес против кој застана и самата ЕУ.

Тоа што ние го кажуваме е дека Македонија ќе добие историска висока цена за овие автопати што по овој договор кој што го вклучила Владата веројатно ќе излезе дека 1 километар автопат ќе биде околу 25 милиони евра.

И тоа што секој граѓанин е разочаран е што никако владата да го презентира тој договор пред јавноста“, вели Муцунски.