Една од причините за нетрпеливоста и медиумското препукување помеѓу директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, и обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска е и поради Беса Транс.

„СДК“ тврди дека Русковска по анонимна пријава обезбедила судска наредбаза проверка во Управата за финансиска полиција за станицата во која што бил извршен технички преглед на автобусот на „Беса Транс“ што изгоре во Бугарија автобуската несреќа на 23 ноември лани кога загинаа 45 луѓе.

Тимот обвинители и истражители претходно обезбедиле документација од најмалку четири институции од локалната и од извршната власт за нерегуларности во работењето на Беса Транс, но биле потребни и документи од Финансиската полиција во врска со оваа станица за технички преглед.

Од околу 300 предмети кои ги бара обвинителството, дадени се само 30-тина од финансиска полиција.

Муареми најави дека ќе поднесе кривични пријави за обвинителите, а Русковска ја пријави кај државниот обвинител Љубомир Јовески и во Советот на јавни обвинители.