Порталот ПРИЗМА на БИРН или таканаречената Балканска истражувачка репортерска лабораторија минатата недела објави сторија за еден од најмоќните и најбогати македонски политичари кој сега е дел од луѓето кои ја водат партијата ДУИ.

Во текстот во кој се наведуваат низа стари информации нема спектакуларни откритија но текстот е важен затоа што постои објективна можност тој да е неформална најава главниот јунак во него да се најде на некоја од американските црни листи.


Текстот се однесува на Исмаил Јахоски, некогашниот пулен на Бранко Црвенковски во СДСМ, потоа соработуваше со ВМРО-ДПМНЕ а сега е пратеник на ДУИ.

Јахоски познат како Пуцко Петрол според семејната компанија која се води на неговиот син и предходно во политичките, дипломатски и новинарски кулоарите се споменуваше како сериозен кандидат за црната листа на американскиот Стејт Департмент или Министерството за финансии на САД но сега овие наводи се мултиплицираат.

Причината е што БИРН кој преку Призма ја објавува оваа навидум обична сторија за познатиот тајкун и за македонската корупција од неодамна е дел од проектот ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).

Доколку оваа анализа е точна тогаш покрај Јахоски во опасност е и лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговите најблиски луѓе затоа што шемата на бизнисите на луѓето на Ахмети што ја објави емисијата КОД на Снежана Лупевска води токму до Пуцко Петрол.

Проектот кој ќе трае до 2028 година има повеќе компоненти а во компонентата 3 е вклучен и порталот БИРН со задача да известува за корупцијата во Македонија.

За пишување за корупциски случаи БИРН неофицијално треба да добие околу 300 илјадо долари иако оваа сума не е наведена во ниту еден јавен документ.

БИРН на својот сајт не објавува ништо за финансиската соработка со УСАИД ниту дали сторијата за Пуцко Петрол е директен производ на проектот финансиран од американските даночни обврзници.

Со оглед на тоа што сторијата за Пуцко Петрол е објавена кратко време откако БИРН почна да се финансира од пари од Вашингтон логично е да се смета дека анализата е дел од проектот против корупција а дека Пуцко Петрол чија семејна фирма само за еден тендер со град Скопје под владение на Данела Арсовска добила 27 милиони евра, е еден од кандидатите за ново лице на црната листа на Вашингтон.

Од тоа што е јавно објавено во наредните пет години програмата „Граѓаните против корупцијата“ предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка во соработка Институтот за демократија, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Стопанската комора на Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН), ќе објавуваат корупциски скандали и стории поврзани со корупција.

Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Целокупниот програмски пристап се заснова на широка акција за подигање на свеста која ги обединува граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор.

Сторијата на БИРН за Пуцко Петрол која меѓу редови навестува дека на американската црна листа може да се најде уште еден висок функционер на ДУИ на овој линк

https://prizma.mk/nafteniot-sultan-od-plasnitsa/