Шефот на руската дипломатија се обиде да каже дека Западот е одговорен за војната во Украина, што вчера наиде на смеа од учесниците на геополитичката конференција во Њу Делхи.

Сергеј Варов се обиде да ја прикаже Русија како жртва на војна.

На прашањето како конфликтот влијаеше на руската енергетска стратегија, Лавров одговори: „Знаете дека војната што се обидуваме да ја запреме беше започната против нас користејќи го украинскиот народ“.

Публиката тоа го проселеди со смеа.

По кратка пауза, рускиот министер за надворешни работи продолжи:
„Се разбира, конфликтот влијае на руската политика, вклучително и енергетската политика. Наједноставниот начин да се опише она што се промени е: повеќе не би се потпирале на ниту еден партнер на Запад“, додаде Лавров. .
Наместо тоа, Русија бара сигурни партнери како Индија и Кина, според Лавров.