Му кажал на Велија дека ќе го апсат, и сега не му веруваат дека ќе се апсат новинари

Првиот претседател на здружението на електронски медиуми АПЕМ и експерт за медиумски политики Виктор Грозданов најавува нов бран апсење на критички новинари од страна на власта.

Во колумна за netpres.mk Грозданов зборува за Боки 13 новинарството и Обвинителството при што споменува два тројца новинари (Александар Чомовски, Борјан Јовановски и Сашо Ордановски) и два важни фактори:?

1. Злобата
2. Парите

„Двете различни обвинителства имаа за цел во координација со цел да делуваат во конечно уништување на ВМРО-ДПМНЕ и сите негови коалициони партнери, новинари и медиуми“, пишува Грозданов кој бара јавно соочување по принципот сам против сите при што има два услови:

• Дебатата да ја водат Горан Величковски, Зоран Димитровски и Газменд Ајдини
• Ако сте Вие во право, јас за секој од Вас по една година во затвор, значи вкупно 10. Ама ако сум јас во право сите заедно секој денар заработен во СЈО на моја сметка и плус бундата на Фатиме и ташната на Катица. За да бидам и јас ин“.

Во текстот Грозданов кој важи за упатен во медиумско – политичките врски во сите политички партии тврди дека како што Велија Рамковски не му верувал дека ќе биде апсен од Никола Груевски така и сега голем број медиумски работници не веруваат дека ќе бидат апсени од страна на Зоран Заев.

“Иако лицата кои ќе ги споменам ми се подбиваат или се извинувам не ми веруваат на моите теории на заговор ќе им раскажам две жални приказни кои се поврзани со ОЈО кои во континуитет обвинуваат:

1. Томе Кежаровски единствени во првите моменти кои го бранеа од душа беа Зоран Димитровски Жоро и Синиша Станковиќ.
2. Во Октомври 2011 година го предупредив газда Велија во присуство на Тони на Ленче дека се спремаат да го апсат. Неговиот одговор беше дека може да го казнат само за сообраќаен прекршок.

Така да едни драги пријатели ќе ги споменам со име и со презиме за да се освестат дека јажето е направено, од нив и од сите нас други зависи како ќе продолжат да информираат или пак ќе престанат да информираат. Со почит кон сите слободно и да заклучат дека сум побудалел во меѓувреме:
Александар Митовски (мечка), Јани Бојаџи, Доне Доневски, Искра Коровешовска, Горан Момировски, Кети Гетева, Биљана Трендафилова, Коле Чашуле, Лупчо Цветановски, Дејан Николовски, Серјожа Неделковски, Љупчо Златев, Предраг Димитровски итн#, пишува Грозданов.

Целата колумна на овој линк