Најмалку девет лица загинаа, а 16 други се повредени како резултат на ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, тврди директорот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирило Буданов.

Украински ракети го погодија седиштетот на руската црноморска флота во Севастопол


Тој тврди дека меѓу повредените има и руски генерали. Ранет е командантот на групата на руските сили за Запорожје, генерал-полковник Александар Романчук, а началникот на Генералштабот, генерал-полковник Олег Цеков, бил во несвест.

Се уште го утврдуваме бројот на ранети чинови војници кои не се вработени во самиот штаб, изјави Буданов за Гласот на Америка. Станува збор за воени лица кои вршат обезбедување на штабот и други слични активности.

Буданов не ги потврдува информациите кои се појавија во украинските медиуми за веројатната смрт на командантот на Црноморската флота на Русија, адмиралот Виктор Соколов.