„Мртва трка“ за победник на парламентарните избори во Бугарија

Последната анкета спроти парламентарните избори што треба во недела да се одржат во Бугарија покажува мала, речиси незначителна предност на партоијата на Борисов, ГЕРБ, во однос на „Продолжуваме со промената“(ПП од чии редови беше екс-премиерот со најкус стаж, Кирил Петков.

ГЕРБ-СДС ќе добие 26,4 отсто, а ПП-Демократска Бугарија – 26,1 отсто, покажува истражувањето на „Тренд“ спроведена за Нова ТВ.


Следуваат ДПС (13,7%) и „Препород“ (13,3%), а на петта позиција се социјалистите од БСП со 7,3 отсто поддршка од гласачите.

По потребниот цензус од 5% според анкетата е коалицијата „Левица“со 3,6 %, „Бугарски подем“ (3,5 отсто ) и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која има само 3% поддршка кај граѓаните.
Од испитаниците 5,2% се изјаснија дека нема да гласаат за никој, а 48% од сите испитаници изјавиле дека ќе го остварат своето право на глас, што нешто повеќе од 2,6 милиони гласачи.