„Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија соопшти дека вчера на седница се осврнал на случувањата поврзани со македонскиот евроинтегративен процес. Синодот очекува Владата отворено и во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество да изгради став, што целосно ќе ги зачува македонскиот идентитет и македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.“ – објави весникот „Нова Македонија“ во информацијата со наслов „МПЦ-ОА со апел за зачувување на македонските национални вредности“.

„Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе му овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, на заемна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна.“ – се наведува во соопштението од Македонската православна црква – Охридска архиепископија“