МПЦ е подготвена за разговор со Цариград за изнаоѓање пат и начин за решавaње на македонското црковно прашање, изјави Владиката дебарско – кичевски Тимотеј за Радио Слободан Европа, коментирајќи ја одлуката што ја донесе Вселенската патријаршија на соборот во Истанбул од 1 до 3 септември, да објавува независност на црквите и без согласност на останатите православни цркви.
Владиката Тимотеј вели дека со последната одлука на Вселенската патријаршија процесот за признавање на МПЦ е отворен.
„Тоа ќе значи дека МПЦ ќе биде призната од најголем дел од православните цркви како рамноправна православна црква која ќе може да сослужува и ќе може да комуницира на рамноправна основа, а дали ќе биде СПЦ или некоја уште со неа согласна или не тоа не треба да не вознемирува зашто ова не го решаваме ние, туку го решава вселенската патријаршија која е прва по чест, но не само по чест туку има и некоја власт ако си прв. А тие одлучија да дадат онаму каде подолго време тлее црковен проблем и мајката црква на канонски начин не сака да го реши тоа, а другите православни цркви кои се наоѓаат во таква состојба бараат помош од Цариград како апелација на некој начин и велат дека ние сме повикани да им помогнеме на тие цркви и на тие народи и во тој поглед одговорноста ја презема цариградската патријаршија, а не МПЦ“, изјави владиката Тимотеј.
Целиот извештај на Слободна Европа на следниот линк