Можен ли е пресврт во Софија за македонските преговори со ЕУ откако екс премиерот Бојко Борисов најави дека ќе ја поддржи Македонија во собранието.

,,Имав разговори со пратениците на ГЕРБ и ги прашав, дали ми веруваат да го поддржат предлогот, ако се осмели овој кукавица и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло на Македонија и Албанија”, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов пренесува БГНЕС.

Веднаш да се свика Министерскиот совет, да се даде предлог, да се дојде во Народното собрание, бара Борисов кој молчеше до денеска за Македонија.

,,Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и таа не може да биде подобра”, изјави лидерот на ГЕРБ.

Борисов истакна дека актуелната влада не направила ништо за Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог. Тој појасни дека овој Протокол се уште не е потпишан.

,,Петков си дозволува да лаже во Брисел дека ГЕРБ му пречи, дека министерот на Слави Трифонов му пречи и дека тие што не се со него се мафија, рече Борисов. Не плашете се, дојдете во парламентот”, му се обрати Борисов на Петков. Борисов смета дека ова е најдоброто решение за Бугарија, Балканот и ЕУ.

,,Гласањето недоверба е парламентарна практика. Нинова 7 пати побарала недоверба и не сме ја нарекле мафија. Ако имаме премиер да свика собраниска седница, ќе влеземе ние 59 пратеници на ГЕРБ, додаде Борисов. Да се ​​реши прашањето со РМ пред гласање, да не се срами Бугарија како мрачен субјект”, нагласи Борисов.

БГНЕС потсетува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали Македонија е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес.

Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат да го укинаме ветото, пишува БГНЕС.