Можеле да загинат: Селани од скопско влегле во енергетскиот систем и сами вклучиле струја

Електродистрибуција соопшти дека заради противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, кои довеле до хаварија во дистрибутивниот систем, поради што без снабдување со електрична енергија останале и корисниците на дел на територија на Сарај.

По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија.

Истовремено, компанијата објави и дека синоќа во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.

Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.