Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев, во интервју за „А1он“ порача дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“.

Фото А1ТВ

Јанев индиректно им се заканува на луѓето кои биле инволвирани во затворањето на мајка му со споменување на информациите која таа ги има а кои можат да предизвикаат ,,експлозија”.

Дали пораките кои можат да се толкуваат како закана се однесуваат на обвинителката Русковска, екс премиерот Заев или трети лица Лазар Јанев не открива прецизно во интервјуто.

Дел од тајните на Јанева го знаел и синот.

„Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели Лазар Јанев.

Лазар кој без никакво работно искуство стана директор на правна служба на 1ТВ на Боки 13 каде добивал огромна плата, во интервјуто раскажува детали од случувањата на неговата мајка која е осудена на долгогодишна затворска казна.

Слични најави за објавување на информации предходно даде и Боки 13 откако беше осуден.