Во 70 клиники, што е прва масовна вакцинација во Русија, започна вакцинирањето против коронавирусот, а вакцината прво ќе биде достапна за докторите и другите медицински работници, наставниците и социјалните работници, бидејќи тие се изложени на најголема опасност од болеста, јави Russia today..
Москва, која е жариште на коронавирусот во Русија, во изминатите 24 часа регистрираше 7.993 нови случаи на заразени.
„Во текот на првите пет часа се пријавија 5.000 луѓе за вакцинација – наставници, доктори, социјални работници, оние кои денес најмногу ги ризикуваат своето здравје и животи“, соопшти вчера градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Возраста на оние кои примаат вакцина е ограничена на 60 години. На луѓето со хронични болести, бремените жени и оние кои имале респираторна инфекција во последните две недели им е забрането вакцинирање.