Два проектили паднаа во полско село на неколку километри од границата со Украина синоќа за време на најжестоките руски воздушни напади врз поголем дел од украинската територија.

Загинаа две лица, а Полска оцени дека станува збор за руски напад и како земја членка на НАТО го активираше членот 4 пд Повелбата.

Посѕтојаната мисија на Русија во ОН негираше било каква вмешаност во синоќешниот инцидент и оцени дека тоа е нечиј обид да ја вовлече Русија во војна СО НАТО!

„Фактите покажуваат дека Русија немала никаква врска со ракетите што ја погодија полска територија“, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански на Телеграм.

„Инцидентот во Полска е обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Полјански рече дека инцидентот ќе биде во центарот на вниманието на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина подоцна денеска.