Москва не верува дека Ал Багдади е мртов

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази сомнеж дека водаќот на терористичката организација „калифот“ Абу Багр ал Багдади е ликвидиран од Американците.

„Багдади беше американски изум. Нашето министерство за одбрани објави соопштение за Багдади.

Бараме повеќе информации за тоа. Нашата војска работи на наоѓање дополнителни докази и повеќето од она што САД го тврдат (за смртта на Багдади) сѐ уште не можеме да го потврдиме, што значи дека е сѐ уште спорна“, вели Лавров.