Москва нападната!

Беспилотни летала погодија неколку згради во Москва, предизвикувајќи „мали“ оштетувања и без сериозни повреди, а системите за противвоздушна одбрана исто така уништија уште неколку кои се приближуваа до главниот град, соопштија руските власти , пренесе Гардијан.

„Сите служби за итни случаи на градот се на местото на инцидентите“, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во објава на Телеграм.

Жителите на двете згради оштетени во нападот се евакуирани, додаде тој.

Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, изјави дека неколку дронови биле соборени пред да стигнет до градот.

Засега не е јасно кој ги лансирал беспилотните летала.

Реткиот напад на руската престолнина се случил во време кога главниот град на Украина, Киев, се соочи со трет воздушен напад во последните 24 часа.