Panorama

Официјална Москва веднаш одговори на обвинувањето од Лондон дека планира да инсталира проруска власт во Украина.

“❗ Дезинформациите циркулирани од @FCDOGovUK се уште еден показател дека членките на @NATO предводени од англо-саксонските нации се тие кои ги ескалираат тензиите околу #Украина.

☝️ Го повикуваме Форин Офисот да престане да шири глупости”, стои во официјалната реакција на руското министерство за надворешни работи.

Реакцијата се однесува на информацијата што ја лиферуваа нивните колеги од Велика Британија.

Лондон ги објави воено-политичкиот план на Кремљ и Украинците што треба да го спроведат