Изјавата на премиерот Еди Рама за обединување на Албанија со Косово е апсолутно неприфатлива, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Напредокот на плановите за формирање ‘Голема Албанија” е крајно спротивен на одредбите од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и ја поткопува стабилноста во регионот“, додаде Захарова.

Захарова забележува дека таквите изјави апсолутно не се вклопуваат во контекст на заедничките напори Белград-Тирана за создавање единствен пазар, што тие го иницираа во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан заедно со Скопје, продолжи таа.

Според Марија Захарова, руската страна очекува соодветна реакција од „западните чувари“ на косовскиот проект за „државност“ во врска со отворена провокација.