Москва и Киев биле блиску до договор, но го спречиле – други

Претседателката на Советот на Федерацијата Русија, Валентина Матвијенко, изјави дека Москва и Киев биле блиску до договор со исполнување на само еден услов од страна на Украина – да остане вонблоковска држава.

„Истовремено, преговаравме со Украина за потпишување мировен договор. Ги повлековме војниците од Киев и Харков, и практично беше подготвен договор што им одговараше и на Украина и Русија“, рекла Матвиенко, пренесуваат медиуми.

Таа изјави дека главниот услов е Украина да остане вонблоковска, неутрална држава.

Според Матвиенко, реализацијата на договорот не го дозволиле оние кои владеат со Украина однадвор.

Според неа, Москва се’ уште е подготвена за преговори, но дека не гледа иста желба во Киев.