Москва ги призна и воспостави дипломатски односи со Доњецк и Луганск

Русија од 22 февруари воспостави дипломатски односи со Народните републики Доњецк и Луганск, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Во согласност со указот на рускиот претседател Владимир Путин, на 22 февруари 2022 година, од тој датум беше официјализиран договор за воспоставување дипломатски односи на ниво на амбасади меѓу Русија и Народните републики Доњецк и Луганск, со размена на дипломатски ноти меѓу Русија и министерствата за надворешни работи“, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им честиташе на министрите за надворешни работи на републиките во Донбас, Наталија Никонорова и Владислав Дејнег, за воспоставувањето дипломатски односи, пренесе ТАСС.