Москва до ЕУ: Ако се обидете – ќе нема нафта

Москва нема намера да испорачува нафта на земјите кои го поддржуваат предлогот за ограничување на цената на рускиот гориво, изјави вицепремиерот на руската влада Александар Новак.

„Според мене – тоа е целосен апсурд“, рече Новак, коментирајќи ја иницијативата на земјите-членки на Г7 да го презентираат споменатиот план.

Како што оценува, обидите за мешање на пазарните механизми во една ваква важна индустрија ќе доведат до дестабилизација и закана за целиот нафтен пазар, што може да доведе до катастрофа во сферата на енергетската безбедност во целиот свет.

Како што најави, руските нафтени компании се подготвуваат за воведување на ембаргото на ЕУ.

„Нашите компании знаат за декември, се подготвуваат за него. Тие сигурно ќе го имаат предвид декември и затоа се направени сите планови за да ги зачуваме сегашните нивоа“, рече Новак.

Претходно портпаролот на американската Бела куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека министрите за финансии на земјите членки на Г7 ќе ја разгледаат иницијативата за ограничување на цената на руската нафта на 2 септември.

Инаку, министрите за финансии на развиените западни економии од Групата седум (Г7) планираат денеска да разговараат за воведување ограничувања на цената на руската нафта.