Претседателката на Горниот дом на рускиот парламент Валентина Матвиенко изјави дека доколку Европа одбие да купи руска енергија, Москва би можела, меѓу другото, да ги пренасочи испораките на азиските пазари, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Русија побара од „непријателските земји“ да плаќаат гас во рубљи, откако Западот воведе економски санкции кон Москва поради војната во Украина, што беше отфрлено од земјите од Г-7 и Еу.
- Минатата недела Путин најави дека Русија ќе бара од „непријателските“ земји за природен гас да плаќаат само во руска валута. Тој и нареди на централната банка на земјата да развие процедура за купувачите на природен гас да купуваат рубљи во Русија.
- Русија преку гасоводот „Моќта на Сибир“ испорачува гас за Кина, а најавена е изградба на „Моќта на Сибир 2“.
