Пензионираниот британски генерал Ричард Ширеф, и поранешен заменик врховен командант на силите на НАТО, утринава изјави за Скај њуз дека постои „пристојна веројатност“ дека најавеното руско повлекување од Херсон е – стапица.

Ширеф рече дека прво мораме да се увериме дека руските сили навистина се повлекуваат од западниот брег на реката Днепар:

„Таа пантомима ја видовме од вчерашната средба во Кремљ меѓу рускиот министер за одбрана. Сергеј Шојгу и Сергеј Суровикин, командант на руските сили во Украина“.

„Ние не смееме да земаме ништо здраво за готово што Русите велат, така што мислам дека првата задача е да разбереме што навистина се случува. Но, ако навистина се повлечат, тогаш тоа е голем пораз“, рече тој.

Ширеф смета дека Украинците со право се скептични кон руските најави.