Заедничкото кинеско-непалско мерење го реши долгогодишниот спор околу висината на највисокиот врв во светот што се протега на заедничката граница на двете земји.

Како Монт Еверест висок 29 км. е техничка грешка…

Монт Еверест е именуван по британскиот геодет од колонијалната ера, Џорџ Еверест, кој никогаш не го видел.

Врвот на планинскиот венец на Хималаите во Азија се наоѓа на границата помеѓу зоната Сагармата во Непал и автономната област Тибет во Кина.

Монт Еверест првпат го искачиле новозеландскиот алпинист и истражувач Едмунд Хилари и непалскиот шерпа Тензинг Норгај во 1953 година.

Оваа највисока точка на планетата ја искачиле 678 луѓе само во 2017 година, додека шестмина починале пред да стигнат до целта.

Официјален Катманду и Пекинг долго време ја оспоруваа точната висина на Монт Еверест, но откако и двете земји испратија заедничка експедиција геодети на врвот, тие се согласија дека официјалната висина на Монт Еверест е 8.848,86 метри (29.032 стапки) надморска височина.

Ова е малку повисоко од нивните претходни мерења.