Владата на СДСМ и ДУИ јавно го призна својот монструозен план за нова поделба на македонското национално ткиво за кој неоформално зборуваа извори во СДСМ последниве месеци.
Заменик министерка за правда од СДСМ Викторија Аврамовска Мадиќ во емисијата Анализа на ТВ24 со Душица Мрѓа најави дека власта сака меѓу Бугарите и другите заедниците во променетиот устав да бидат и ,,Егејците”.
Мадиќ признава дека власта сака ,,Егејците” да ги прогласи за посебен народ иако се работи за Македонци кои потекнуваат или се родни во Егејска Македонија.
СДСМ по изјавата на Мадиќ не ја демантира својата заменичка министерка што значи дека Ковачевски и неговата партија се подготвуваат за уште еден удар врз македонското национално ткиво со цел уништување на македонската нација.
Во Македонија живеат стотици илјади луѓе кои поради семејните врски со луѓе родени во Егејска Македонија односно Грција можат да се наречат Егејци иако тој назив за многумина е навредлив.
Целата емисија со Мадиќ на овој линк
https://fb.watch/ktG4S7m9g0/?mibextid=Nif5oz
Делот од емисијата каде Мадиќ го најавува монструзниот план на СДСМ