Новинарот Горан Момироски во првото издание од петтата сезона на емисијата Заспиј ако можеш која започна вчера на ТВ Алфа меѓу другото зборуваше и за посетата на ,,Али Таче и 40 функционери” на САД.
Момироски откри дека во трите делегации на Македонија кои во моментов се во Америка а кои ги предводат претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи има дури 40 државни функционери а нивното патување чини огромни пари.
Во исто време Македонија во Њујорк подолго време нема генерален конзул.
За овој скандал свој став имаат и гостите во првата епизода на Заспиј ако можеш, професорот Жидас Даскаловски и амбасадорот Ивица Боцевски кои анализираат и други теми.
Целата емисија на Јутјуб