Уредникот на една од најгледаните политички емисии ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ Горан Момироски се повлекува од уредничката позиција ако се исполни еден услов.

Момироски кој веќе четврта сезона е уредник на вечерното политичко шоу кое го води заедно со Драган Милосављевиќ се повлекува од позицијата ако утре Ковачевски ги прифати оставките на министрите на ДУИ кои денеска биле доставени до премиерот.


,,Си поднесувам неотповиклива оставка од високата државничка и меѓународна функција уредник на емисијата ,,Заспиј ако можеш” ако утре сабајле премиерот Ковачевски ги прифати оставките на министрите на ДУИ, и согласно законот веднаш ги достави до Собранието кое треба да ги верификува без расправа.
Притоа на сегашната казна од 15 % на плата во тек од 6 месеци која ми ја акна менаџментот на Алфа ќе одделувам уште толку за помош на владата која се наоѓа во тешка ситуација”, пишува Момироски во постот во кој има и доза на иронија.

Слични текстови

Пратеник на БЕСА го трола политичкиот блеф на СДСМ и ДУИ со оставките

Рафали на Бетмен Велит: Слупчане ќе плати за струја кога опозицијата ќе …