Повеќе земји членки на ЕУ сметаат дека Францускиот предлог според кој Македонија треба да прифати дека друга држава ќе одлучува за нејзините национални, државни, историски или културни прашања е против Лисабонскиот договор на кој почиваат темелните вредности на унијата.

Ова вчера во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа го објави новинарот Горан Момироски кој се јави во живо од Берлин.

Дел од членките на ЕУ за ова уривање на основните постулат и на унијата реагирале до официјален Париз а некои чекаат да видат дали Македонија ќе го прифати предлогот по што ќе одлучат дали ќе реагираат.

Надлежен суд за ова прашање е Европските суд на правдата кој ги толкува сите спорни теми поврзани со почитување на основните принципи на унијата.

Во овој случај за повеќе држави проблематичен е членот 3 од Лисабонскиот договор според кој ако Македонија го прифати францускиот предлог ќе бидат потврдени безжични стандарди на ЕУ кои имаат речиси уставно значење.

Според информациите на Момироски од повеќе извори францускиот драфт на Преговарачката рамка каде се вметнати Бугарските барања е во спротивност на член 3 од Лисабонскиот договор кој јасно вели:

,,ЕУ ја а почитува својата богата културна и јазична различност и гарантира заштита и унапредување на културното наследство на Европа”.

Неколкуте земји членки на ЕУ се против францускиот предлог бидејќи овој преседан суштински ја менува политиката на проширување спротивно на Европските вредности.

Барањето на Бугарија да има свој посебен амандман или анекс за македонскиот јазик е само една од точките каде се крши основното право на идната членка Македонија.

Европскиот суд е надлежен за однесувањето на земјите членки во спроведување на основните вредности на унијата.

Информациите на Момироски се на почетокот на емисијата Заспиј ако можеш која може да ја видите ако го отворите овој линк

https://fb.watch/dZdoOf8vVG/