Момироски: Македонските кучиња да бараат помош од ЕУ за справување со владата

Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш Горан Момироски мислел дека е шега веста во која премиерот Ковачевски најавува барање за помош од Брисел за справување со уличните кучиња во Македонија.

Тој на неверојатната најава на Ковачевски одговара со ироничен предлог македонските кучиња да побараат помош од ЕУ за справување со владата во Скопје.

,,Мислев дека е мајтап ама премиерот стварно најавил дека владата ќе бара помош од ЕУ за справување со кучињата.
Не знам зашто Ковачевски не бара Османи како претседавач со ОБСЕ да преземе итна акција на Организацијата за безбедност и соработка во Европа против кучињата”, пишува Момироски кој вели дека кучињата сега треба да побараат ЕУ да се справи со владата.

Момироски објавува дека стотици кучиња годишно од Македонија се прифаќаат во членки на ЕУ преку невладини организации.