Момироски: Има повеќе сценарија за карма – кашата на ,,Ќуранот и бандата”

Уредникот на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа дава неколку сценарија за разврска на политичката ситуација која се случува по усвојувањето на промените на Кривичниот законик по која многумина очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени а од СДСМ брифираат дека Груевски ќе обезбеди пратеници за промена на уставот.

Има повеќе сценарија за карма – кашата што ја направија Ќуран Лажен Харвард и бандата, пишува Момироски:

1. Ако СДСМ е во право и ова е дил со ВМРО-ДПМНЕ во понеделник Талат Џафери ќе свика гласање за уставни измени. По гласањето ќе се случи ,,Бугари су ушли у устав” по што Македонија ќе почне преговори со ЕУ и ќе дојде рај на земјата и небото а ВМРО-ДПМНЕ оди на ремонт

2. Ако Груевски не може да обезбеди пратеници за уставни измени СДК да ги каже лажговците од СДСМ кои тврдеа дека законот не се менува за Таче, Груби, Маричиќ и другите да се спасат за криминалот

3. Ако не поминат уставните измени Кривичниот законик да се врати во старата верзија

Во четвртата точка новинарот предлага во Кривичниот законик да се додаде член 427 со кој ќе се санкционира обид за менување на Кривичниот законик од страна на било која власт со цел олеснување на казни за криминал и корупција за себе.