Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа Горан Момироски и се заблагодари на владата што не испечати книги за учениците.
Според него добро е што власта пати од огромна неспособност и не може да ги испечати материјалите од кои учат децата затоа што така учениците нема да ги учат погрешните информации кои се дел од неиспечатените книги.
,,Фала и на владата што е толку многу неспособна и не може да обезбеди книги за учениците.
Ако беа малку неспособни кој знае што ќе учеа децава, дека Македонија е во Месопотамија а Скопје главен град на Јамајка”, пишува Момироски откако Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит откри дека во дел од учебниците има грешки кои не би требало да ги прават луѓе што имаат барем основно образование.
Во еден таков учебник географски локации од Блискиот Исток се ставени во Африка.
,,Мала помош за Бирото за развој на образованието во врска со ПДФ-материјалите објавени на нивниот сајт од кој треба да учат децата, бидејќи учебниците ЗА СРЕЌА не им се испечатени :)”, напиша Илиевски објавувајќи го материјалот на Министерството за образование каде Еуфрат и Тигар се по нечија грешка ставени во Африка.