Момироски: Дипломати укажаа на скандал што домашната јавност не го виде

Признанието на премиерот Заев дека има докази поврзани со Катица Јанева која за него се однесува идиотски го запали црвеното светло кај дел од странските диоломати во Скопје.

Некои од нив за Алфа коментираат дека Заев ја прекршил основната премиса на владеењето на правото, немешање на извршната и судската власт.

Со какви докази располага премиерот Заев за случајот Рекет за кој засега има двајца притворени и уште најмалку десетина инволвирани, прашува Алфа ТВ во анализата на Горан Момироски.

Покрај главните точки од скандалозната изјава на премиерот во која тој рече дека нема да дозволи еден педер да ја урне владата само малкумина забележаа дека Заев направил огромна грешка која што Македонија  може да ја чини многу.

Премиерот како што тоа на Алфа и го посочија странски дипломати во Скопје направил груб упад во правосудниот систем со својата скандалозна изјава со која ја згрози и ЛГБТ заедницата, новинарскиот еснаф но и Европската унија.

Навредувајќи ја Катица Јанева за која Заев вели дека правела идиотски постапки премиерот пред јавноста откри дека тој има пристап до информации кои што со поделбата меѓу судскта и извршната власт не смее да ги има. Во изјавата Заев вели дека според доказите кои што ги има настапот на Јанева бил идиотски.

„За мене идиотски е настапот согласно доказите што ги имам“, изјави Заев во вторникот.

И токму тој дел од изјавата односно признанието дека тој како прв човек на извршната власт поседува судски докази е огромен проблем. Премиерот според законот за судска постапка и сите други релевантни позитивни правни прописни не смее да има  никаков пристап до процесите или доказите што го водат обвинителството, судот или МВР. Особено кога постои основано јавно сомнение дека токму тој може да биде инволвиран во криминалниот случај Рекет.

Странските дипломати се чудат зошто обвинителството досега не го поканило премиерот да даде исказ какви докази поседува тој за скандалот што ја потресе Македонија и го уништи правосудниот систем на земјата што во јануари сака да започне преговори со ЕУ.

Ниту МВР ниту Јавното обвинителство , Јовески, или Русковска јавно не ја искоментираа изјавата на премиерот со која тој спротивно на сите европски практики и правила ги измеша двете македонски власти.

Извор: ТВ Алфа