Уредникот и водител на емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ Горан Момироски би се кладел во неговиот црн фонд вреден околу 4000 денари дека новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази наскоро ќе си даде оставка а на негово место ќе дојде Фатиме Фетаи

,,Има ли во SportLife или Златна Копачка кладба дека Ислам Абази ќе си даде оставка а на неговото место ќе биде избрана Фатиме Фетаи.
Имам црн фонд од 66 евра што би ги ставил на коефициент 66.
66 е бројот на обвинители што го избраа Абази кои сега ќе треба да размислат кој пат да го фатат. Тој за Мала Речица или тој што води до Тврдина Кале”, пишува Момироски.

Предходно Фатиме Фетаи мистериозно ја повлече кандидатурата за шефица на Скопското вишо обвинителство а американската амбасадорка во Скопје Агелер упати остра критика до ДУИ чиј кандидат Абази беше избран за наследник на Русковска со 66 гласови од обвинители.

Доколку Абази поднесе оставка по критиките од американската амбасада нема формална пречка Фетаи да се кандидира за шефица на обвинителството за организиран криминал.

Поврзана вест

Законот е јасен, признанието е чисто, недостасува само уште чист обвинител

Да има Македонија независно обвинителство шефот на тајната служба ќе беше во притвор – пишува Горан Момироски