Шеснаесетгодишникот кој во четвртокот на пешачки премин го прегазил д-р Ѓорги Јота а потоа избегал, нема да одговара за дело за кое е предвидена казна до пет години затвор.

Бидејки се работи за малолетник, според законот тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор.

Него ќе му се суди според Законот за право на детето бидејќи тој нема наполнето 18 години, дознава МКД.МК.

Хирургот Д-р Јота има тешка повреда на главата од завчерашниот удар и тој е сместен на Карил.

„Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна“, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче.