Момче од Бугарија меѓу загинатите во железничката несреќа во Грција

Дваесет и двегодишниот Денис Руци е единствениот Бугарин меѓу 57-те загинати во тешката железничка несреќа во Грција на 28 февруари, соопштила неговата мајка Мирела Руци, пренесоа бугарски медиуми..

Тој имал седиште во петтиот вагон, кој не бил оштетен и неговите родители – Мирела и Панајотис Руци – до крајот се надевале дека тој ќе биде меѓу живите и апелирале за било каква информација за него.

Тој седел во петтиот вагон покрај девојка која останала жива и која препознала Денис од фотографиите што ги објавиле неговите родители.

Девојката рекла дека неколку минути пред несреќата Денис и рекол дека ќе оди на кафе во вагон-ресторанот зи ја прашал дали сака да и земе нешто.
Никогаш не се врати.

Неговите останки биле идентификувани по примерок од ДНК од неговите родители.

Во четврток, на 9 март, младиот човек беше погребан во Атина.
Денис Руци имаше бугарско и грчко државјанство.