Момче Албанец жртва на трговија со луѓе ќе биде протерано од Британија

Момче Албанец, кое било „продадено“ во Обединетото Кралство кога беше дете, а го згрижува Британец, ја загуби битката да му биде дозволено да остане во земјата.

Самет бил тепан и малтретиран пред да биде принуден на 11 годишна восраст да проси на улиците во Албанија.

Потоа бил продаден како шртва на трговија со луѓе во Белгија, а потоа во Бристол во Обединетото краллство кога имал 15 години.

Тука тој бил сместен кај згрижувачкиот татко Џон Стоукс, кој и претходно згрижил друг млад Албанец.

Министерството за внатрешни работи признава дека иако Самет е жртва на криминал, тој сега има над 18 години и бидејќи Албанија се смета за безбедна земја, нема причина да не може да биде вратен.

Статистиката на групата „Ever Child Protected Against Trafficking“ покажуваа дека од 754 деца жртви на трговија со луѓе, во периодот помеѓу 2019 и 2020 година само 17 добиле право да останат во Обединетото кралство. Exit.al