Молк за мизогинијата кон Арсовска: Координиран нечовечки напад од власта

Настапот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на вестите на Сител кој го искористи за напад врз независната кандидатка Данела Арсовска е само дел од нападите врз претседателката на Сојузот на Стопански комори која бара поддршка од опозицијата во битката за градоначалничка на главниот град.

Дел од нападите од апологети на Заев и СДСМ се полни со мизогинија која засега не ја осудија женските организации, феминистките од невладиниот сектор или партиите на власт.

Арсовска од медиумите на Заев во текстови во кои наводно се зборува за Коце Трајановски се посочува дека таа не е мажена и дека нема деца што е нечовечки и премногу низок напад врз било кој кандидат дури и во зовриената македонска политичка ситуација.

“Кога дознал пред неколку дена дека кандидат ќе биде Данела Арсовска блиска пријателка на Грујо, Коце побеснел.
Инаку многу е интересно како ВМРО ДПМНЕ како десничарска партија заговара семејни вредности а нивната кандидатка за Скопје ниту е мажена ниту има деца а има 41 година. Интересно е што исто така таа се преставува како бизнисменка а никој не знае со каков бизнис се бави?!?!”, пишува апологет на Заев во нападот врз Арсовска за кој нема осуда од женската организација на СДСМ.

Во други напади од страници на Фејсбук под контрола на Бихаќка во атакот врз Арсовска во обид да се прикаже дека е блиска на Груевски се користи фотографија на која таа седи на маса а екс премиерот поминува.

Од фотографијата што ја користи страницата на СДСМ јасно се гледа дека Арсовска е гостин на некаква формална средба а Груевски не со неа но во нападите власта не може да најде друга фотографија со која би ги поткрепила своите тврдења.