Официјално Скопје се уште молчи за расистичкаата порака од бугарски експерт платен од државата кон Македонците за која никој во Бугарија и Македонија досега не реагирал.
Професорот од Институтот за историски истражувања при Бугарската Академија на науките (БАН) Воин Божинов во телевизиско интервју рече дека Македонизмот е писхичко пореметување на македонското општество а во моментов во земјава се шири антибугарска хистерија.
„Македонизмот не е само идеологија туку психичко пореметување на цело општество, на цел еден народ”, вели докторот по историја кој работи истражувања за највисоката бугарска научна институција.
Божинов е финансиран и зема плата од државата Бугарија која се обврзала со меѓународни конвенции да не смее да дозволи вакви расистички навреди кон ниту еден народ или група на светот.
Согласно Виенската конвенција за дипломатски работи на потег е македонската амбасада во Софија која мора официјално да го извести македонското МНР по што министерот Османи мора да побара официјално објснување од бугарскиот амбасадор во Скопје.
Од амбасадорот на Бугарија МНР и Османи треба да добијат информација дали бугарската влада која е финансиер на БАН се оградува од расизмот на членот на БАН.
Согласно конвенцијата доколку владата во Софија не го осуди Божинов тој треба да биде прогласен за персона нон грата и да биде вратен во Софија.
Член на БАН: Македонизмот е психичка болест на цело општество, на цел народ